Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Терзиќ продолжува во Шпанија

Терзиќ продолжува во Шпанија

Десниот бек на нашиот тим Вардар, Стефан Терзиќ на лето ќе си замине од Скопје. Следна негова дестинација ќе биде шпанската Асобал лига, поточно екипата на Логроњо. Според информациите Стефан ќе потпише две годишен договор со овој шпански клуб.

Со оглед на фактот што во Вардар пристигнува Хорхе Македа, беше јасно дека ростерот на екипата на десната бековска позиција ќе се менува. Покрај Терзиќ од клубот ќе замине и Владимир Петриќ.
Стефан дојде во Вардар како многу млад играч, без некое големо искуство, од големата екипа на германски Хамбург, но во Лигата на Шампионите место за свое докажување неизбори, додека пак во Сеха – Лигата, и домашното првенство одигра во едно одлично светло со неколку позначајни партии, една од нив беше минатата година, во дуел со Металург во Борис Трајковски кога му даде 9 гола на Металург.

Среќно Стефан!
Фала ти за се!