Кадетките предводени од Благојче Весиќ и Билјана Пецевска финишираа со натпреварите во лигата, за оваа натпреварувачка сезона. На крајот завршија на второто место, зад нивниот главен конкурент, екипата на Металург која го освои првото место.
Своите впечатоци од сезоната која заврши, ни ги изнесе Анастасија Тодоровска, која настапува за кадетките и младинките на Жрк Вардар.
- Што се однесува до кадетското првенство оваа сезона, каде завршивме како второ пласирани имавме доста лесни противници во кои натпреварите уште на почетокот беа решени, но имавме и противници со кои ни требаше многу повеке сила за да ја издвојуваме победата. Но секако ние не сме во позиција да ги потценуваме и преценуваме нашите противници, се зависеше од нашата игра чија победа зависеше од нашата среќа и концентрација.
Оваа генерација во иднина треба да биде предводник на сениорската репрезентација. Многу девојки од овој тим веќе се наметнаа и во составот предводен од Кастратовиќ и Питлик.
- Според мене прикажаната игра оваа сезона беше максимална. Секој од нас ги покажа своите квалитети, јас како поединец сум задоволна од мојата игра. На натпреварите се трудев да дадам се од себе, но секогаш може подобро. Јас ќе работам и понатаму на својата физичка и психичка подготовка за следната сезона, да ги подобрам очекувањата кај тренерот и секако да допридонесам повеќе во играта на мојата екипа. Како екипа оваа сезона бевме по сложни и полека научиме од срце да се радуваме на победите, кои ги извојувавме достоинствено.
Остануваат за одигрување уште два натпревари во младинска конкуренција, каде втората екипа на Вардар е најсериозен кандидат за освојување на истата.
- Сега не очекуваат уште два натпревари на кои ќе бидеме спремни да го дадеме својот максимум, за да завршме што е можно повисоко пласирани. Потоа следува одмор и секако започнуваме со нови сили и желба, за нова сезона и нови победи.
Оваа година, шампион во кадетска конкуренција е тимот од Автокоманда.
- Ова сезона не успеавме да ја надмудриме екипата на Металург, која е наш вечен ривал и поради која завршивме на второто место. На тие натпревари иако бевме доволно мотивирани, немавме доволно среќа и бевме хендикепирани со дел од играчите, изјави Анастасија Тодоровска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски