Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > КОМИТИ: ОДИМЕ НА ТИТУЛА ! ВЛЕЗНИЦА 50ДЕН/100 ДЕН

КОМИТИ: ОДИМЕ НА ТИТУЛА ! ВЛЕЗНИЦА 50ДЕН/100 ДЕН

Денеш е голем ден за вљубениците во црвено-црните бои денес ФК Вардар го делат 90 минути од титулата која ќе биде девета за најголемиот Македонски спортски бренд , а осма по осамостојувањето на земјава . Затоа Комити со известување до својте членови повикаа да се присуствува денес и да се прослави овој трофеј, во соопштението велат:

Одиме на титула!!!

По победата над Металург, нашите фудбалери се наоѓаат во ситуација да на три кола пред крајот на првенството ја заверат титулата и тоа во директниот дуел со конкурентот Работнички. Комшиките веќе беа совладани пред една недела, а сега треба да им го зададеме крајниот удар по кој веќе ќе можеме да размислуваме на квалификациите за фудбалската ЛШ. Минатата недела видовме дека воопшто не беше лесно да стигнеме до трите бодови, а во среда ќе биде уште потешко бидејќи ова за противникот е последна шанса да се врати посериозно во трката за титулата.
Ваквите дуели секогаш биле интересни и изобилувале со добри фудбалски моменти и погодоци и никогаш не може да се погоди која екипа на крај ќе си замине со трите бода.
Од друга страна, може ли да се посака подобар начин за освојување на шампионска титула од освојување на истата во директен дуел со конкурентот? Деветата титула (осма во Македонското првенство) и се насмевнува на црвено-црната армија на навивачи, затоа ве повикуваме во голем број да ја исполниме западната трибина и на наши крилја да го однесеме Вардар до нова титула. Работнички успеа да ни ја земе титулата во минатогодишното првенство, оваа сезона да не дозволиме да се случи тоа!
НАПРЕД ВАРДАР!!! СИТЕ НА ГРАДСКИ, ОДИМЕ НА ТИТУЛА!

Собир 16.00ч Фонтана Парк
Карта 50 со членска, 100 без членска