Денеска двата млади вардарови колектива, женскиот ЖРК Вардар СЦЈС и машкиот РК Вардар јуниор играат мечеви од суперлигашката конкуренција со соодветните тимови од градот Прилеп. Кај момците и девојките денес се игра десеттото лигашко коло во сезоната 2016/2017.
Избраничките на Симе Симовски својот меч со прилепчанки го играат порано од останатите дуели кој ќе се играат викендов поради настапот во европските купови. Тие во неделата славеа во гости кај бугарскиот дебитант во рекометна европа Свиленград. Девојките нагости победија со 17-24, а реваншот го играат овој викенд дома па затоа мечот ќе се одигра денес. Ние гостуваме во Прилеп кај истоимениот женски ракометен тим во дуел кој е закажан со почеток во 19-00 часот.
Избраниците на Стојан Петрушевски момците од РК Вардар јуниор пак вечер ќе бидат домаќини на машкиот тим, РК Прилеп 2010, на дуел кој ќе се игра во спорско рекреативниот центар “Кале“. Мечот ќе се игра вечерва со почеток во 18-00 часот, покрај нашиот меч денес се играат и останатите дуели од ова коло освен битолското дерби кое се одигра вчера. Вардарци ќе ја бараат шансата за втора победа за нас сезонава во ова соочување со прилепчани. На минатиот дуел дома со Пелистер игравме добро и рамноправно до 40 минута држејќи се одлично со повозасниот и поискусниот противник.