Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров ја помина границата од 500 гола во ЛШ.
Тимур Дибиров ја помина границата од 500 гола во ЛШ.

Тимур Дибиров ја помина границата од 500 гола во ЛШ.

Членот на Рк Вардар и рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров вечерва ја помина границата преку 500 постигнати гола во најголемото натпреварување, лигата на шампионите. На мечот со Монпелје постигна 12 гола, и имаше 100% учинок од ударите од седум метри. Ова е негов најефикасен меч во ЛШ за Вардар, оваа сезона. Веќе ја достигна бројката од 507 гола во ЛШ.

Дибиров најголем дел од својата кариера ја има поминато во Чеховски Медведи. Во овој клуб има постигнато вкупно 372 гола. Токму од оваа екипа, премина во редовите на Вардар. Минатата сезона во дресот на Вардар, Дибиров стигна до бројката 72 погодоци. До мечот од последното коло против Рајн-Некар Ловен, има вкупно 63 гола со можност да ги зголеми.

Во сезоната 2013/2014 беше избран во идеалниот тим на ЛШ, како најдобро лево крило.Истото признание го доби и на Балканот. Исто така го имаше и најубавиот постигнат гол за минатата сезона.