Видео од првото реми во Анталија на ФК Вардар-Скопје одиграно во комплексот Титаник во Анталија . По четирите победи од исто толку меча дојде и првиот исход кој не е победа . Вондредно закажан мечот со Украинскиот вторололигаш како и што најави тренерот Андреев го започна со комбиниран состав :
Павловиќ, Стојановски, Бојовиќ, Најдоски, Љамчевски, Деспотовски, Дашјан, Петров, Миранјан /од 65 минута Асани/ , Иванов, Петковски /од 71 минута Ивановски/ .
Мечот почна рано да се открива и така само што започна мечот по еден престрого досуден пенал реализатор за 1-0 за Хелиос Харков од единаесет метри беше Коморницки кој шутираше десно спротивно од голманот Павловиќ кој се упати на левата страна . Тоа беше прв примен гол по 362 минути за Вардар во Анталија . Не така долго се играше всушност само четири минути на несоземените Вардарови фудбалери им се случи и втор “студен туш “ . Тимот на Хелиос изведе навидум безопасен слободен удар од четиесетина метра одлево топката долго леташе и го киксот играчот од Стојановски стигна до ногата Савин кој го совлада немоќниот Павловиќ тоа беше 2-0 во 6тата минута од мечот .
Вардарци се потрудиа брзо да излезат од безизилезноста примима два гола за 6 минути со Хелиос Харков по 360 минути без примен гол со посилни противници . Голот за намалувањето на 2-1 по асистенцијата на Иванов од десната страна во срцето на 16те метри доби топка Миранјан кој реализираше во 2о минута од мечот. Следен гол по одлично изведениот слободен удар од 16 метра на Дашјан и прекрасната одбрана на голманот на Украинците Рибој одбиената топка доаѓа со Петковски кој стрела за 2-2.
Вардар со голот во 27 минута на Петковски обезбеди резултатска симетрија која подоцна се покажа како конечен исход . Во вториот дел тренерот Андреев освежуваше во офанзивата во игра влегоа Асани и Ивановски . Тоа резултираше со најкруциалната шанса за гол пеналот кој Рибој му го одбрани на Вардарвовиот офанзивец Петковски .