Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров:Верувам дека ќе останеме второпласирани во групата.
Тимур Дибиров:Верувам дека ќе останеме второпласирани во групата.

Тимур Дибиров:Верувам дека ќе останеме второпласирани во групата.

Вечерва Вардарци на своите навивачи им приредија нов спектакл,забележувајќи нова победа против екипата на Монпелје од Франција.На овој меч во главна улога беше руското крило Тимур Дибиров,кој повторно ја воодушевуваше публиката со своите потези.На крајот го заврши натпреварот со вкупно 12 гола,од кои 8 беа по првото полувреме.Имаше 100% реализација од ударите од 7 метри.

Тој не го крие задоволството од вечерашниот настап на својата екипа,и најави уште поголема борба во последното коло.

-Најпрво честитики за екипата на Монпелје, која одигра многу квалитетен натпревар. Тие секогаш играат со исто темпо, без разлика на моменталниот резултат. Ние го знаевме тоа, па не им дозволивме да ја преземат контролата на мечот. Нашата игра влева многу оптимизам, и верувам дека на последниот натпревар во Германија може да победиме и на крајот да останеме второпласирани во групата – изјави Дибиров.

Тренерот Раул Гонзалес со пофални зборови за својот тим,кој смета дека заслужено победиле на овој меч.

-Ова беше важен натпревар за нашата екипа, и задоволен сум што успеавме да го одиграме договореното. Монпелје е лидер во францускиот шампионат, што доволно говори за квалитетот на екипата. Сепак, ние одигравме квалитетно и сосема заслужено стигнавме до победата, иако воопшто не беше лесно. Следниот викенд го играме клучниот натпревар за второт место во групата” – изјави Раул Гонзалес.