Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено-црна доминација во Јане Сандански.
Црвено-црна доминација во Јане Сандански.

Црвено-црна доминација во Јане Сандански.

Нова ракометна лекција од играчите на Вардар, овој пат за екипата која доаѓа од земја која беше актуелен светски првак на последното првенство во Катар.

Натпреварот започна со гол на најдобриот стрелец од светското првенство во Катар, Драган Гајиќ.Набрзо нашиот тим ја презема играта во свои раце, и го контролира натпреварот до крајот. Првото водство го имаме во 5 минута со првиот гол на Тимур Дибиров, за во следниот напад Тоскиќ да зголеми на 4:2. Во тие моменти Штербик ја забележува својата прва одбрана. Публиката со овации го поздравува влегувањето на Стоилов, кој го постигнува својот прв погодок за предност од 7:5 во 13 минута. Во продолжение следи мало шоу на Дибиров, кој во првото полувреме успеа да постигне дури 8 гола. Со негови два гола по ред за прв пат на мечот имаме позитива од четири гола. Повторно на сцена стапува рускиот виртуоз за веќе солидна предност од 17:12. Првото полувреме заврши со резултат 18:13, со првиот гол на Михаил Чипурин.

10957472_861924873864772_11913682_n

Со неговиот погодок започна и вториот дел. Во следните минути, гостите прават мала серија од 0:3 со која се доближуваат на резултат 19:16. Следи одговор на Вардар, за повторно да имаме солидна предност. Повторно следи атракција од нашите ракометари. Во главна улога се Дибиров и Шишкарев, со цепелин успеваат да постигнат прекрасен гол. Во 43 минута, резултатот на семафарот гласеше 25:21. Екипата на Монпелје за кратко се враќа во игра, за да намали на 26:24. Шишкарев во контра напад успеа да погоди, за да се вратиме на плус четири позитива.Штербик со брилијатна одбрана успева да го спречи најдобриот играч на противникот, Драган Гајиќ.

Комити со безпрекорна и голема подршка го мотивираат својот миленик, кон нова голема и важна победа.Со десетата одбрана, Штербик става точка на овој натпревар. Потврда за победата става кој друг ако не Дибиров, со прекрасен гол од својата позиција.Конечниот резултат гласеше 30:26.

Тимур Дибиров беше убедливо најдобар на теренот, со вкупно 12 гола. Карачиќ постигна 4 гола. Ова е многу важна победа,во пресрет на последното коло, кога гостуваме на екипата на Рајн-Некар Ловен.