Вардар имаше силна контролка со тим од Украинската Премиер лига . Вардар одигра нерешено 1-1 со долгогодишниот премиер лигаш Металург Запорожје.
Предмалку заврши шестиот дуел во Анталија. Тренерот Андреев излезе со следниве единаесетмина :Пачовски, Попов, Таневски, Грнчаров, Хамбарѕумјан, Глигоров, Спировски, Асани, Блажевски, Ибричиќ, Ивановски.
Вардар рано тргна да оствари поволен резултат и во овој меч и така на самиот почеток поведe. Во 6-тата минута дојде во водство ,за 1-0 стрелаше Ивановски . Следеше надигрување на двете екипи и квалитетен фудбал . Вардар до крајот на првиот дел постигна и уште еден гол во 40 минута од мечот по изведување на слободен удар од левата страна нафрлена топка, и во мешаницата беше затресена мрежата на Украинците . Но главниот судија оцени дека тоа е офсајт и голот го поништи. Вардар до крајот на првиот дел имаше уште една зрела шанса но голманот на Металург одбрани удат од 6-7 метра од левата страна.
Вториот дел не почна најдобро за избраниците на Андреев, по само неколку минути погодок за Металург . И резултатот гласеше 1-1 . Играчите на Металург пробаа да поведат, но на двапати со прекрасни интервенции Вардаровиот голман Пачовски го одржа резултатскот баланс од 1-1.
Истиов резултат остана се до крајот на натпреварот.Вардар повторно успеа да оствaри поволен резултат против многу квалитетен противник.