Уште неполни два часа до почетокот на 9-тото коло во Лигата на Шампионите. Нашиот Вардар го пречекува лидерот на табелата во Француската прва лига, екипата на Монпелје. Ова ќе биде одличен дерби меч во нашата група. Доколку вардарци издвојуваат победа ќе го осигураат третото место во групата, а наредната недела во Германија ќе играат на нерешено, или на помала негатива за обезбедување на 2 место, и полесен противник.
Сите љубители на ракометот ве покануваме да се упатите кон СЦ. Јане Сандански, на овој одличен меч заедно да го проследиме и да се радува на крај со ракометарите !
Еден е Вардар, едни се Комити !