Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Запознавање со денешниот противник ФК Металург Запорожје
Запознавање со денешниот противник ФК Металург Запорожје

Запознавање со денешниот противник ФК Металург Запорожје

ФК Вардар денес во 16 часот во Анталија тест дуел со преставник од Украинскиот фудбал . Вардар  по вчерашниот дуел со тим од иста земја ФК Хелиос Харков со комбиниран тим одигра нерешено . Фудбалскиот клуб Вардар ќе може денес низ директен пренос на клубската веб-страница да го гледате во директен пренос од 16часот . Мечот ќе се одигра во Титаник-Белек во овој топол јужен Турски центар.

Металург е тим формиран уште во 1935година , а по распадот на СССР се натпреварувал во најсилната лига на Украјна. Моментално на табелата по крајот на есенскиот дел е 11-то пласиран тим во Лигата од 14 тима колку што брои моментално најсилната Украинска фудбалска лига . Нема позначајни резултати и трофеи во Украинското првенство и куп .Од Европски мечеви двапати учествувано во Купот на УЕФА каде по поминатото прелиминарно коло во второто е исфрлан од Лидс во 2002та и од Панатинајкос во 2006 година.

Фк Вардар ќе  настапи во следниов состав :

СТАРТЕРИ :Пачовски, Попов, Таневски, Грнчаров,  Хамбарѕумјан,  Глигоров, Спировски, Асани, Блажевски, Ибричиќ, Ивановски.
РЕЗЕРВИ:  Павловиќ, Стојановски,  Бојовиќ , Најдоски, Љамчевски,  Дашјан, Деспотовски, Петров, Миранјан,  Петковски.