Екипата на Вардар успеа да направи подвиг и да ја победи екипата Висла и да се пласира во 1/4 рунда. Не само што ги анулираа оние минус шест гола од Плоцк, туку и речиси ги дуплираа во нивна корист на вчерашниот натпревар.
-Вардар го има она, што другите го немаат. Оваа екипа има големо срце, пред која стои црвено-црна армија од навивачи. Ние сме една “банда“, во која нема најдобри поединци и индивидуалци. Овој тим функционира како едно и сите заедно победуваме, ни изјави Дибиров за нашиот сајт.
Вардарци ќе ја очекуваа ждрепката за 1/4, која треба да се одржи во вторник. Потенцијални противници ќе бидат екипите на Кил, Барселона, Веспрем и Киелце.
-Се е исто со кој и да играме, но моја желба е е екипата на Киелце, прокоментира Дибиров.
Звонко Ивановски