Кадетите на Рк Вардар победнички се вратија од Кичево, каде забележаа убедлива победа против екипата на Гого. Во ниеден момент победата не беше доведена во прашање. Конечниот резултат гласеше 23:41.
Најефикасни беа Трајковски со 7 гола. Димов, Мирчев и Анастасовски постигнаа по 5.
-Нашата тимска соработка пак ја покажавме на терен.Натпревар каде се соочивме со нов правилник од страна на судиите. Судии кои се бивши ракометаи и кои ни наметнуваа правила што немаат никакви допирни точки со ракометот, беше една од најголемите неправилности кои за прв пат не ни дозвоилија резултатот да го зголемиме. Но сето тоа за нас ке биде поука дека во играта треба да сме спремни и подготвени на секаков притисок. И се знае ние сакаме само победа, изјави Кристијан Анастасовски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски