Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар игра магично, Вардар игра фантастично
Вардар игра магично, Вардар игра фантастично

Вардар игра магично, Вардар игра фантастично

Црвено-црната машина ја прегази Висла на вчерашниот натпревар, и им ја демонстрираше на вистински начин својата сила и моќ. Подржани од речиси 8.000 грла кои својот глас го оставија за нивните миленици, победата и пласманот во осум најдобри беше сигурен. Висла успеа само еднаш да го израмни резултатот, а ниеднаш не успеа да поведе.

Постепено како и што најавуваа играчите преку нашиот сајт изминативе денови ја топеа разликата и ги чекаа оние пет минути, кога ќе експлодираат и ќе го збришат на терен противникот. Но не беа само 5, туку цели 14 мин Полјаците не успеа да го најдат патот кон мрежата на феноменалниот Штербик, кој покажа зошто е најдобар голман на светот, од трибините се скандираше “Штербик мајсторе“. Сигурно дека играчите на Висла, но и нивните навивачи кои на овој натпревар ги имаше околу дваесетина, ќе се помират со фактот дека оваа атмосфера и публика е многу подобра и неспоредлива со нивната. Полјаците се изгубија целосно во Комитскиот пекол во кој и многу посилни екипи си заминале со наведнати глави. Ова вчера сигурно беше најдобра навивачка атмосфера досега во Ј.Сандански, и дефинитивно се раѓа нов вулкан, заедно со оној на Кале. За момците што изгинаа на терен треба да се напише една книга од тоа како играат и како со срце го бранат светиот дрес. Горбок беше највпечатлива фигура во првото полувреме, постигна дури седум гола, а противничкиот голман Коралес немаше решение за неговите силни удари. Со каква само страст и емоции ги прославуваше своите голови Горбок, покажува колку значи овој клуб за него.

Второто полувреме започна поспано за противничата екипа, додека да се освестат нашите момци веќе на почетокот ги анулираа оние шест гола од Плоцк. Душебаев погоди за 7 плус, во тие моменти салата беше во вистински делириум. Каденас кој е далеку поискусен и повозрасен потклекна пред својот шпански сонародник и предводник на Вардаровата чета. Раул Гонзалес повторно испадна помудар од својот сонародник, но и учител. Тоскиќ мора да се спомене дека го носи најголемиот товар во играта, комплетно во двата правци напад-одбрана. Нашата икона Столе Стоилов беше несовладлив во борбата со противничките играчи, со кои се бореше како вистински лав. Комити му скандираа на својот миленик “Столе ти си наша икона“ . Се ова е многу полесно и поедноставно кога на голот го имаш најдобриот голман во свет-Арпад Штербик, човек со големо срце е вистински професионалец, голема сила и подршка за својата екипа. Дојде моментот и Диви да застане на голот и да блесне со одбрана, и тоа со удар од седум метри. Сите по ред од прв до последен имаа подеднаква заслуга за овој триумф.

Вардар втора сезона по ред е во најдобрите осум екипи. Комити се вистинскиот осми играч на својот миленик. Со вакви навивачи како што најавуваат играчите не смееме да се плашиме од никого. Тука секој може да падне со ваква црвено-црна армија, патот кон Келн ни е отворен. Играчите на крајот поминаа низ целата сала и им се заблагодари за подршката на сите кои дојдоа, а за крајот следеше фешта со своите миленици “Шампионе, Шампионе але але але Вардаре.

ВАРДАР ИГРА МАГИЧНО, ВАРДАР ИГРА ФАНТАСТИЧНО.

Звонко Ивановски