Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вторпат стана татко. Денес во Скопје неговата сопруга Ирина Дибирова, попозната како Полторотскаја донесе на свет здраво женско дете. Ова е веќе втора радост за нив, а го имаат и синот Мурат. На двајцата им ја честитаме новородената ќерка, со желби за многу здравје, среќа и убаво детство. Можеби во иднина и тие би станале познати ракометни имиња, како што се и нивните родители.