„Летачкиот русин“ во редовите на европскиот првак Тимур Дибиров на емотивен начин се прости од тренерот на Вардар, шпанецот Роберто Гарсија Парондо. Токму тој во единствената сезона на клупата го предводеше Вардар до втората европска круна. Парондо освои четири титули со црвено-црните, потоа премина на селекторската позиција во Египет.
Дибиров на својот профил на Инстаграм напиша: „Ти благодарам за се Роберто, ти си одличен тренер и фантастична личност“