Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Толедо се прости од Вардар: Благодарам многу Република Македонија
Толедо се прости од Вардар: Благодарам многу Република Македонија

Толедо се прости од Вардар: Благодарам многу Република Македонија

Иако беше најавен како големо засилување, Жозе Де Толедо по само една сезона го напушти Вардар. Дојде од екипата на Висла Плок, но не се изнаигра многу. Беше дел од подготвителниот период, после што замина на операција, која го одалечи надвор од терените. Се врати во вториот дел од сезоната, одиграмо само неколку натпревари со мала минутажа, се случи пандемијата со корона вирусот, по што се прекина сезоната.

Толедо од Вардар се сели во екипата на Баја Маре, а на својот инстаграм профил се збогува од вардаровите навивачи.

-Поради семејни причини нема да бидам дел од убавата вардарова иднина. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите од минатата сезона, на сите кои работеа во клубот и на сите Македонци – без исклучок! Како и на фотографијата се надевам дека ќе го кренам погледот и ќе се насмеам, гледајќи го знамето на Македонија и грбот на Вардар на највисокото место на подиумот, каде и што припаѓа и никогаш не требало да замине. Ви благодарам и илјада извинувања што не успеавте да ме видите во најдоброто светло како што јас посакував“.

toletoltole