Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците постигнаа вкупно 30 голови во двете натпреварувања, Хасановиќ е најдобриот стрелец на Вардар
Младинците постигнаа вкупно 30 голови во двете натпреварувања, Хасановиќ е најдобриот стрелец на Вардар

Младинците постигнаа вкупно 30 голови во двете натпреварувања, Хасановиќ е најдобриот стрелец на Вардар

Во младинската супер лига за натпреварувачката сезона 2019/20 се одиграа само 16 кола. Истата беше прекината поради пандемијата со корона вирусот, а од ФФМ одлучија да ја поништат сезоната, односно да не се прогласуваат Шампиони. Нашите младинци и не се прославија многу сезоната, на 16 меча, имаа скор од 7 победи, 1 нерешен резултат и 8 порази. Постигнавме вкупно 27 голови во лигата и 3 во купот, а како најдобар стрелец се покажа Малик Хасановиќ.

Ова се сите играчи кои ги постигнаа 30-те голови во двете натпреварувања:

1. Малик Хасановиќ  9

2. Давид Ристовски и Хиџрет Рушити по  4

3. Мартин Спировски 3

3. Далибор Костовски, Ринор Исени и Аљдин Цури по 2 гола

5. Славче Живков, Филип Манасиевски, Иван Мицевски и Дамјан Трајановски по 1 гол.