Вардарци вечерва ја отвараат новата сезона во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Нексе. Ова ќе биде и прв натпревар во новата година за црвено-црните, како и деби на клупата за Давид Дејвис.
Во пресрет на денешниот натпревар своите очекувања ги сподели голманот и репрезентативец на Македонија, Мартин Томовски.
-Нексе секогаш бил тим што играл добро против Вардар. Знам дека и сега тие ќе бидат исто така конкурентни. Имаат многу хрватски играчи и секако подолго време се заедно. Но, Вардар секогаш играл на максимум, па така и сега. Ние сме подготвени максимално за ова што не очекува сезонава во СЕХА лигата, истакна Томовски.