Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис: Напорно и посветено се подготвуваме за натпреварот со Нексе
Дејвис: Напорно и посветено се подготвуваме за натпреварот со Нексе

Дејвис: Напорно и посветено се подготвуваме за натпреварот со Нексе

Утре стартува новата натпреварувачка сезона во СЕХА-лигата. Вардар за прв противник ја има екипата на Нексе, натпревар кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Со оглед дека вчерашниот меч против Металург беше одложен, ова ќе биде прв натпревар за Давид Дејвис како нов тренер на Вардар.

Дејвис истакна дека немал многу време да го промени тимот и дека очекува тежок дуел.

„Немав многу време за да направам поголеми промени во тимот. Напорно и посветено се подготвуваме за натпреварот со Нексе. Знаеме за каков тим станува збор. Игра одлично и има многу добар тренер и добри играчи. Мојот прв натпревар ќе биде многу тежок. Гаџа и Валчек на располагање ги имам само неколку дена. Овој дуел доаѓа во незгодно време, затоа што тимот не е влезен во натпреварувачки ритам. Ќе беше многу подруго ситуацијата ако беше спротивна и ако имав повеќе време за подготовки, истакна Дејвис.

Натпреварот утре ќе започне од 18:00 часот.