Тренерот на Вардар, Никола Глигоров даде мислење за тоа како течат зимските подготовки на ,,црвено – црните”, а говореше и за пријателскиот натпревар кој Вардар го доби со резултат 2:0.
.
“Поминаа 23 дена од стартот на подготовките и работите се одвиваат според зацртаниот план. Одработивме голем број на тренинзи на кои се посвети внимание на физичката подготовка, меѓутоа фокус се стави и на тактичкиот елемент за екипата да биде спремна за предизвиците кои ни претстојат оваа пролет”.
.
“Задоволен сум од прикажаната играта на првиот контролен натпревар и остварената победа од 2:0. Иако резултатот не беше во прв план, како членови на најтрофејниот клуб сите ние сме обврзани да одиме на победа на секој натпревар без оглед дали станува збор за првенствен или за пријателски”.
.
“Ни остануваат уште 3 натпревари на кои што ќе ја темпираме формата и максимално квалитетно да го одработиме остатокот од престојот во Анталија”, изјави Никола Глигоров.