Вардар го составува тимот за идната натпреварувачка сезона, а во овој момент не треба да стравува за голманската позиција во тимот, бидејќи таа ќе остане иста како и оваа сезона.
Одличниот чувар на мрежата и репрезентативец на Македонија, Мартин Томовски продолжува во Вардар и идната сезона како прв чувар на мрежата. Томовски има валиден договор со тимот, па така и следната сезона ќе биде помеѓу стативите и ќе го брани голот на најтрофејниот.
Ова значи дека Вардар е ,,мирен” на голманската позиција. Тука ќе биде и искусниот Борко Ристовски, а веројатно во тимот ќе остане и младиот Гогов, како трет чувар на мрежата и идната сезона.
Дибиров, Талески, Моралес… се неколкумината кои го продолжија договорот со Вардар и за следната сезона.