Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победа по голем пресврт за кадетките, „падна “ Куманово, Стојанова Сара прв стрелец
Победа по голем пресврт за кадетките, „падна “ Куманово, Стојанова Сара прв стрелец

Победа по голем пресврт за кадетките, „падна “ Куманово, Стојанова Сара прв стрелец

Во рамки на 9.коло од кадетската Група-А, ЖРК Вардар гостуваше кај Куманово во истоимениот град. Девојките на Платон и Папуџиева на дуелот кој се одигра во салата „Перо Наков“ успеаа со пресврт да дојдат до победа, имавме пет негатива, победивме со осум гола предност, 22-30.

Отворивме релативно лошо, во нападот и одбраната тоа го казни домаќинот и направи серија 5-0 на самиот почеток. Ја поправивме играта во два правци, се играше гол за гол се до 11-06 , бевме на пет минус и понатака, но ја стабилизиравме играта. Успеаме да намалиме и на одмор заминавме со три негатива (13-10), ова е прв пат да имаме негатива оваа сезона во Групата-А на пауза помеѓу двата дела од мечот, сепак на крајот на првиот дел се насетуваше нашиот налет.

На брзина во вториот дел изедначивме на 16-16, а потоа и направивме целосен пресврт поведувајќи со 17-19. Од тој момент ја заигравме нашата игра, пеколна одбрана и казнување во напад, од позициони напади и од контра-напади. До крајот на противникот му дадовме да ни постигне само пет гола, ние испорачавме повеќе од двојно во неговата мрежа, односно 11 погодоци. Победата беше убедлива со 8 гола повеќе, ако сметаме дека влеговме во овој период со три минус, а победивме во осум гола, во вториот дел имавме цели 11.гола повеќе од домаќинот и покажавме зашто сме лидери. Победата дојде со резултат 22-30.

Кај нас Стојанова Сара беше прв стрелец со 7 гола, Коцева Борјана погоди 4.пати, по три гола имаа дури пет девојки и тоа:  Велјановска Михаела, Равојска Јана, Ангелова Теодора, Радевска Бојана  и Стефаноска Сара.