Конечно една добра вест во „морето“ лоши вести поврзани со РК Вардар, нашиот шампион. Првиот голман на Вардар од минатата сезона, еден од најдобрите играчи и најзаслужните што Вардар стана двократен шамион на Македонија, Мартин Томовски останув верен на Вардар и во новата сезона.
Оваа вест секако дека е огромен ,,плус” за Вардар и за неговите навивачи, кои во последно време читаа само лоши вести за нивниот миленик. Да додадеме дека втор голман на екипата во новата сезона ќе биде младиот Васил Гогов, а тренер на нив ќе им биде Борко Ристовски.
Навистина голема почит до Мартин, кој и во овие тешки денови да речеме за Вардар кој остана без Лигата на шампионите, се реши да остане и да биде верен на ,,црвено – црните” бои.