Европската куќа на ракометот, ЕХФ ги објави најубавите 30 погодоци постигнати во 2017 година во рамки на ракометната ЕХФ Лига на шампиони. Според нивниот избор најатрактивен е оној на вардарецот Лука Циндриќ постигнат во полуфиналето на Ф-4 во Келн против Барселона во последната секунда за победа на црвено-црните со 26-25.
Во изборот се најдоа уште неколку вардарци, Алекс Душебаев, Иван Чупиќ и Тимур Дибиров.
Видеото од овој топ-30 избор може да го погледнете- ТУКА!