Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар има три “есенски круни“, пионерите и кадетите на Будимир и младинци на Чивлачки (Фото табели, резултати и состави)
РК Вардар има три “есенски круни“,  пионерите и кадетите на Будимир и младинци  на Чивлачки (Фото табели, резултати и состави)

РК Вардар има три “есенски круни“, пионерите и кадетите на Будимир и младинци на Чивлачки (Фото табели, резултати и состави)

Зад нас се есенските дуели во младинските ракометни лиги, нашиот тим Вардар настапува со пет екипи во лига системот на РФМ. Две екипи имаме во пионерска категорија, една кадетска и две младински екипи. Дури три тима во своите групи се “есенски прваци“. РК Вардар  има есенски првак кај младинците кој ги предводи Слободан  Чивлачки, и кај  пионерите и кадетите кои се водени од Адријана Будимир.  Во продолжение ви ги носиме табелите и резултатите, состави и фотографии од истите.

ПИОНЕРИ РК ВАРДАР!ТРЕНЕР: А.БУДИМИР

ПИОНЕРИ РК ВАРДАР! ТРЕНЕР: А.БУДИМИР

Пионерите на Вардар предводени од Будимир се перфектни, тие на шест дуела имаат исто толку победи во пионерската лига.  Имаат најдобар напад со 180 постигнати голови или во просек 30 погодоци по дуел, одбраната е исто така најдобра во лигата. Бидејќи Будимир инсистира на цврста одбрана оваа генерација има примено само 59 гола, или во просек едноцифрен број погодоци односно 9,8 гола по меч.

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ ПИОНЕРИ РК ВАРДАР

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ ПИОНЕРИ РК ВАРДАР

Состав: Ненад Ангеловски, Леонид Корогунов, Давид Стојковски, Бране Трифуновски, Филип Атанасовски, Дамјан Јордановски, Мартин Јовевски, Дамјан Димитриевски, Симон Калајџиески, Марио Мишевски, Бојан Чакалиќ, Никола Жерновски, Давид Мирчевски, Борис Павловски, Андреј Трајановски, Давид Савревски, Велимир Грујовски, Горјан Трајчевски, Благој Димчевски, Дамјан Србиновски, Матео Јанчев, Дарјан Петков, Антонио Пешевски, Алексеј Василев, Кристијан Ташевски.

ПИОНЕРИ ВАРДАР ЈУНИОР! ТРЕНЕР: З.ПЕТКОВСКИ-Зенга

ПИОНЕРИ ВАРДАР ЈУНИОР! ТРЕНЕР: З.ПЕТКОВСКИ-Зенга

Втората пионерска екипа е предводена од Зоран Петковски-Зенга, Вардар јуниор е тим кој е составен од помлади играчи кои претежно се регрутирани од Јуниор лигата. Иако млад тим кој првпат настапува заедно тие имаат солидни резултати во однос на поискусните тимови. Момците имаат на чело одличен ментор кој успеава да создаде полека компактна целина. Тие на пет меча забележаа три победи досега и се на делбата на втората позиција во нивната група.

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ ПИОНЕРИ ВАРДАР ЈУНИОР

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ ПИОНЕРИ ВАРДАР ЈУНИОР

Состав: Христијан Петковски, Давид Славески, Антони Андовски, Дамјан Миновски, Тадеј Аритонов, Марко Каевски, Петар Колевски, Давид Младеновски, Стефан Јовевски, Филип Бошковски, Маријан Гочев, Дејан Тодевски, Андреј Петрушевски, Иле Табаков, Алек Алексовски, Кристијан Трајковски, Филип Карајановски, Горан Каскаровски, Благојче Петровски, Теодор Трајковски, Филип Сотировски, Kирил Симоновски.
Голмани: Иле Велковски, Дино Исмаиловиќ, Никола Спасовски, Петар Стојановски

КАДЕТИ РК ВАРДАР!ТРЕНЕР: А.БУДИМИР

КАДЕТИ РК ВАРДАР! ТРЕНЕР: А.БУДИМИР

Кадетите на Вардар исто така предводени од Будимир Адријана  т.е истиот тим кој игра во пионерската лига се дефинитивно есенски хит. Во оваа лига каде играат со повозрасни момци тие се “прошетаа“ и дојдоа до насловот есенски шампион. Доминираа во секој меч и победуваа со голема разлика, во одбраната беа перфектни. Кадетите имаат прва одбрана во лигата која во просек прима околу 19 гола по дуел ( во кадетска лига се игра 2х30мин). Во нападот се перфектни со најдобар скор, постигнаа 247 гола што е рекорд во лигата. Во просек погодуваат 35,30 гола по одигран дуел, односно имаат во просек над 15 гола повеќе од секој ривал во нивните дуели. Будимир од овие момци состави тим кој е за респект, со многу хармонија, дисциплина и одлична тимска игра.

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ КАДЕТИ РК ВАРДАР

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ КАДЕТИ РК ВАРДАР

Состав: Ненад Ангеловски, Леонид Корогунов, Давид Стојковски, Бране Трифуновски, Филип Атанасовски, Дамјан Јордановски, Мартин Јовевски, Дамјан Димитриевски, Симон Калајџиески, Марио Мишевски, Бојан Чакалиќ, Никола Жерновски, Давид Мирчевски, Борис Павловски, Андреј Трајановски, Давид Савревски, Велимир Грујовски, Горјан Трајчевски, Благој Димчевски, Дамјан Србиновски, Матео Јанчев, Дарјан Петков, Антонио Пешевски, Алексеј Василев, Кристијан Ташевски.

МЛАДИНЦИ РК ВАРДАР!ТРЕНЕР: ЧИВЛАЧКИ/ГРЧЕВСКИ

МЛАДИНЦИ РК ВАРДАР! ТРЕНЕР: ЧИВЛАЧКИ/ГРЧЕВСКИ

Младинската екипа на РК Вардар е исто така “есенски првак“, момците ги предводи Слободан Чивлачки и неговиот помошник Грчевски Кристијан. Тие на седум дуели остварија шест победи имаат едно реми и ниеден неуспех. Имаат најефикасен напад кој во просек постигнува 36,60 гола по дуел, ја имаат втората најефикасна одбрана која дозволува во просек да примат 25 гола по натпревар. Во пролетниот дел ќе се обидат повторно со одлични игри да ја задржат лидерската позиција.

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ МЛАДИНЦИ РК ВАРДАР

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ МЛАДИНЦИ РК ВАРДАР

Состав: Христи Биковски, Мартин Игнов, Давид Олтовски, Даниел Митевски, Виктор Крстевски, Христијан Милошески, Кристијан Стојановски, Кристијан Ангелкоски, Благоја Мишоски, Мартин Карапалевски, Марио Миланов, Дино Еленин, Ален Ќосевски, Дарко Трајковски, Васе Наков, Мартин Мајсторовски, Предраг Радуловиќ, Андреј Мицановски.
Голмани: Брајан Петкоски, Филип Давитков, Александар Тушев.

МЛАДИНЦИ ВАРДАР ЈУНИОР! ТРЕНЕР:П.МАНАСКОВ

МЛАДИНЦИ ВАРДАР ЈУНИОР! ТРЕНЕР: П.МАНАСКОВ

Младинската екипа на Вардар Јуниор е дефинитвно најслаба екипа на црвено-црните по есенскиот дел. Момците на Пепи Манасков иако често беа во комбинација за бодови и имаа солидни игри на пет дуела не забележаа ниеден успех. Сепак се очекува на пролет да бидат надминати тешкотите и овој тим да почне да ниже успеси.

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ МЛАДИНЦИ ВАРДАР ЈУНИОР

ТАБЕЛА И РЕЗУЛТАТИ МЛАДИНЦИ ВАРДАР ЈУНИОР

 Состав: Алек Чупетрески, Александар Нанов, Андреј Бојковски, Антониј Мисаилески, Благоја Антевски, Виктор Вељановски, Горјан Блажевски, Дамјан Јакимовски, Једис Јаховиќ, Јоаким Ангеловски, Небојша Василевски, Петар Тевдовски, Стефан Динев, Стојанче Симевски, Филип Камчев, Христијан Чакалиќ, Андреј Талески, Никола Хаџидимовски, Борис Илиевски.