Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пачовски заминува од Вардар и става крај на кариерата
Пачовски заминува од Вардар и става крај на кариерата

Пачовски заминува од Вардар и става крај на кариерата

Томе Пачовски по крајот на оваа календарска година заминува од тимот на Вардар и става крај на одличната голманска кариера.

Пачовски беше дел од Вардар во сезоната 2008-09 кога го бранеше голот на Вардар на 27 првенствени натпревари. По Вардар замина во Белгија, за во 2015 повторно да се врати во тимот на Вардар, во периодот од 2015 до денес, Пачовски одигра уште 45 натпревари за тимот на Вардар. Покрај овие настапи, голманот на Вардар има постигнато и еден гол во сезоната 2008-09.

Најдобриот настап во дресот на Вардар, Пачовски го имаше против тимот на АПОЕЛ во Никозија, на тој натпревар искусниот голман одбрани се што упати противникот во неговиот гол.

Можно е утре Пачовски да застане на голот на Вардар.