Thursday ,13 December 2018
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Стјепановиќ и Трајчевски не играат против Вардар
Стјепановиќ и Трајчевски не играат против Вардар

Стјепановиќ и Трајчевски не играат против Вардар

Тимот на Работнички се соочува со сериозни проблеми во средниот ред пред утрешниот натпревар против тимот на Вардар.

Поради пет жолти картони на оваа средба нема да може да настапи искусниот и некогашен играч на Вардар, Остоја Стјепановиќ. Покрај Стјепановиќ, поради повреда утре нема да настапи и капитенот на Работнички, Душко Трајчевски. Покрај овие двајца, од поодамна во тимот го нема и дефанзивецот Рашо, додека пак голманот Шишковски ќе биде во комбинација за овој дуел.

Дуелот на градските ривали ќе се одигра утре со почеток во 13.00 часот.