Човекот кој никогаш нема да го заборавиме и големиот борец Алем Тоскиќ, три сезони со успех го носеше црвено-црниот дрес. Дојде во сезоната кога клубопт го превзема Сергеј Самсоненко и се покажа како големо засилување на екипата. Сепак Тоскиќ од семејни причичи беше принуден порано да го напушти Вардар и Скопје и да се врати во Словенија, каде живее неговото семејство. Во сезоната која е пред нас го носеше дресот на Горење Велење, во истата кога Вардар стана шампион на Европа. Пред неговото заминување од Вардар, Тоскиќ во интервју за “Балкан Хендбол“ го предвиде успехот на црвено-црните напоменувајќи дека кога тогаш, Вардар ќе ја освои лигата на шампионите.
-Морам да го направам тој чекор и да се вратам во Словенија. Жал ми е за спортскиот аспект. Дали оваа сезона или некоја друга, Вардар ќе биде на врвот на Европа. Ова е многу амбициозен клуб.
Во истото интервју, Алем не трошеше пофални зборови и за Раул Гонзалес, кој го нарече најголемо “богатсво“ на Вардар, врвен тренер и голем професионалец.
-Раул е врвен тренер, професионалец, 24 часа во ракометот. Секој играч би посакал да има таков тренер. За него нема ниакво изненадување, сѐ живо знае, упатен е максимално, знае што може секој играч посебно. Подготовките на тренинзите се феноменални, тренинзите одлични и по мое мислење најголем квалитет и најголемо богатство на Вардар е Раул Гонзалес. Луѓето многу го фалат, а ја можам сѐ да потврдам. Човекот е феномен, секоја година го крева квалитетот. Нас нѐ доведе до фаза да играме против поквалитетни екипи, кои се фаворити.