Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алем Тоскиќ: Од првиот ден кога пристигнав во Македонија, знаев дека можам да се најдам во ситуација да се борам за титулата во Лигата на шампионите
Алем Тоскиќ: Од првиот ден кога пристигнав во Македонија, знаев дека можам да се најдам во ситуација да се борам за титулата во Лигата на шампионите

Алем Тоскиќ: Од првиот ден кога пристигнав во Македонија, знаев дека можам да се најдам во ситуација да се борам за титулата во Лигата на шампионите

Алем Тоскиќ има 35 години и е на залезот од својата долга и богата играчка кариера. Сите го паметиме како голем борец во црвено-црниот дрес, на кој оставаше срце на терен на секој меч одигран за екипата на Вардар. Во неговата долга кариера има играно за екипите на Партизан од Белград, Загреб, Целје, Вардар и Горење, каде моментално настапува поранешниот репрезентативец на Србија со која има освоено сребрен медал и пикер, Алем Тоскиќ. Најверојатно кариерата ќе ја заврши во Словенија, каде живее неговото семејство, кое беше една од главните причини Алем после три сезони поминати во Вардар, да се врати во Словенија и да го избере Горење од Велење како негов нов клуб. Во интервју за СЕХА-лигата, Тоскиќ не заборави да го спомене периодот кога ги бранеше боите на Вардар и кога по само една сезона откако го напушти клубот, Вардар ја покори Европа и ја освои лигата на шампионите.

-Вардар навистина има моќен тим. Од првиот ден кога пристигнав во Македонија, знаев дека можам да се најдам во ситуација да се борам за трофејот во Лигата на шампионите. Се случи Вардар да стане шампион на Европа, после само една година откако заминав од клубот и дојдов во Горење. Секако дека ми е  малку жал, но тоа е она што е. Се работи за моќен клуб, Вардар има страшен состав и навистина сум среќен за нивниот успех, истакна Тоскиќ.

Покрај другото Тоскиќ зборуваше и за атмосферата во екипата на Горење Велење, каде тимот предводен од Жељко Бабиќ има добри настапи во лигата на шампионите, каде во една од послабите групи има четири победи и два порази. Потоа зборува и за денешниот противник на неговиот тим во СЕХА-лигата, екипата на Загреб каде исто така така помина три години од своја кариера и тоа дека ќе остане да живее во Словенија и по завршување на играчката кариера.