Откако претходно на два пати беше одложуван осминафиналниот дуел во рамките на купот, конечно ФФМ ги одреди термините на одигрување натпревари помеѓу екипите на Вардар и Шкупи, во рамките на осминафиналето од купот на Македонија. На 29-ти ноември Вардар со почеток од 13 часот ќе биде домаќин на арената “Филип Втори“, додека реваншот е закажан з 17-ти декември на теренот во Чаир
Доколку црвено-црните го поминат овој противник, во четврфиналето ќе се сретне со екипата на Шкендија, која во осминафиналната рунда по изведување на удари од белата точка го елиминираше Работнички, откако двата натпревари во регуларните 90 минути завршуваа со нерешен резултат. Стана навика Вардар и Шкендија да се сретнуваат во четврфиналето на купот, а една од нив ќе нема повторно можност да игра во големото финале на ова натпреварување.