Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кадетите на Вардар, момците на Будимир триумфално минаа и низ Ѓорче
Кадетите на Вардар, момците на Будимир триумфално минаа и низ Ѓорче

Кадетите на Вардар, момците на Будимир триумфално минаа и низ Ѓорче

Денес кадетите на РК Вардар предводени од Адријана Будимир гостуваа кај тимот на РК Македонија Ѓорче Петров во дуел од кадетската лига. Нашите момци кои се по возраста помали (пионери) во овој дуел дојдоа до нова убедлива победа. Нашата победа беше изразена со повеќе од двојно постигнати голови од противникот, ние триумфиравме со 46-22.

Натпреварот го почнавме со гол за нашите момци кои поведоа со 0-1, потоа домаќинот со два едно подруго погодоци го презема водството и поведе со 2-1. Тоа беше прв и последен пат на овој дуел тие да имаат резултатска предност во однос на црвено-црниот кадетски состав. Веднаш почнавме со нашата игра одлично во одбраната и брзо во нападот, следуваше серија 0-3 со која поведовме со 2-4.  Следеше израмнет период во овој удел двете екипи постигнаа по пет погодоци, предноста беше и понатака “само два гола“ за избраниците на Будимир, 7-9. Потоа повторно “бум“ на теренот правиме неверојатна, пеколна серија 0-7 со која се одлепуваме на високи девет гола предност, односно поведовме со  7-16 веќе тука се назираше крајот на домаќинот. До крајот ја стабилизиравме играта, игравме мудро и во игра гол за гол ја задржавме предноста пред одморот. На пауза се замина со резултат 13-21.

jj3

Вториот полувреме започна со мало опуштање на црвено-црните, домаќинот со три гола во серија намали 16-21, но ние не ни помисливме да се доведеме во ситуација домаќинот да се врати во игра и со иста таква серија поведовме со  16-24.  Од клупата повторно момците добија имплус од нивниот тренер, кој стандардно бара од нив голема борбеност. Тоа вроди со плод со 2-7 серија со која првпат поведовме со дури 15 гола, пред почетокот на завршните минути стоеше на семафорот 18-33 и остана само едно прашање: “со колку гола предност ќе победиме денес“?.  За кратко го добивме и тој одговор, во продолжение газевме од минута во минута зголемувајќи ја предноста “до небо“. На крајот победивме со дури 24 гола повеќе од Македонија Ѓорче Петров. Со ова најавивме дека во недела од 11-00 часот на дербито во “Кале“ со РК Пролет ќе одиме на победа и на врвот во пионерската лига.

Кај нас со по осум гола први стрелци беа Чакалиќ и Димитријевски, Калајџиевски имаше 6, а Савревски постигна 5 погодоци, додека Ташевски и Жерновски имаа по 4.