Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ и Кликовац во составот на Црна Гора за СП
Радичевиќ и Кликовац во составот на Црна Гора за СП

Радичевиќ и Кликовац во составот на Црна Гора за СП

Селекторот на црнагорките, Драган Аџиќ на  поширокиот список повикани за  Црна Гора за Мундијалот кој во декември се игра во Германија внесе  двете ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац.

Јованка  Радичевиќ, капитенот на ЖРК Вардар повторно  се најде на списокот на репрезентативки на Црна Гора, а Кликовац исто така ќе конкурира за тимот кој би можел да настапи на Светското првенство. Голема е веројатноста да бидат дел од мундијалскиот избор на Аџиќ, бидејќи настапуваат за тим кој има максимален број бодови во ЕХФ Лигата на шампионите и во Регионалната лига.