Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Дамјан Трајковски: Младоста и големата борбеност, се нашата шанса против Младост
Дамјан Трајковски: Младоста и големата борбеност, се нашата шанса против Младост

Дамјан Трајковски: Младоста и големата борбеност, се нашата шанса против Младост

-Младиот состав на РК Вардар 2 успеа да стигне до својата 14 победа, во рамките на првата ракометна лига. Во неделата, избраниците на Зоран Петковски гостуваа на Куманово, кој убедливо го совладаа со резултат 28:37. Вардарци имаа постојано водство и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено ги освоија бодовите. Капитенот на екипата, Дамјан Трајковски беше втор најдобар стрелец кај нас со 6 постигнати голови.

-Како на сите натпревари досега, влеговме мотивирано и со цел да победиме. Ја игравме нашата игра цел натпревар и сите мои соиграчи одиграа по зацртаниот план. Знаевме дека нема да биде лесно, но веруваме во нашите квалитети, кои како се одминува сезоната се повеќе испливуваат на површина. 
Во следното, кое е претпоследно коло, Вардар на домашен терен ќе го пречека Младост, кој моментално е лидер во првата лига, со три бода повеќе од црвено-црните. Победникот од овој меч ќе го даде и патникот во најсилната супер лига, за следната натпреварувачка сезона.
-Мечот со Младост ќе биде дерби на колото. Тие се многу добра и искусна екипа и се фаворити. Но ние покажуваме играчка зрелост, каде што со нашата младост и големата борбеност ја гледаме шансата против нив.
Без разлика на крајниот исход со Младост, овој состав предводен од легендарниот “Зенга“ покажа дека може да се носи со секого во првата лига и покрај тоа што сме составени од многу млади играчи, кои претходната сезона беа дел од младинските екипи на Вардар.
-На почеток на првенството бевме тим создаден од младинските категории на Вардар ,со цел да созреваме како играчи. Но со напорните тренинзи ижелбата за докажување, стигнавме на крајот на сезоната да се бориме за пласман во супер лигата. Лично сум задоволен од мојот допринос и доприносот на моите соиграчи. Нашиот тим го краси тимскиот дух без издвојување на поединци.
Звонко Ивановски