Младинците на Рк Вардар го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во генерација родени 1998/99 година. Избраниците на Зоран Петковски во финалниот натпревар беа подобри од “братскиот“ Рк Вардар Јуниор со резултат 30:19. Без поголеми проблеми оваа екипа се “прошета“ до финалето на турнирот. Совладани беа екипите на Рк Војнисон Вардар од Кичево, Рк Шампион Вардар и тимот на Метрополис.
-Турнирот ,,Една љубов Еден живот” и оваа година беше многу добро организиран. На едно место се собраа ракометни школи на Вардар од цела Македонија. Во младинска конкуренција имавме добри натпревари, кои беа уште еден тест за нашата подготвеност како екипа која работи речиси без пауза. На сите натпревари одигравме максимално сконцентрирано без потценување на ниту еден противник. Тоа го покажаа резултатите каде ги добивме сите натпревари убедливо. Лично сум задоволен од мојата игра на турнирот и од настапот на целиот тим.
Капитенот на овој тим, Дамјан Трајковски на крај ја доби наградата за најдобар среден бек на турнирот во младинска конкуренција.
-Наградата ми претставува сатисфакција за мојот досегашен труд, и одговорност за натпреварите во пролетниот дел. Сепак најзаслижен е тренерот Петковски, кој за кратко време успеа заедно со новите играчи да не подготви за предизвиците кои ги поминавме и кои не очекуваат во пролетниот дел, изјави Дамјан Трајковски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски