Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Жрк Вардар, ја победија Академија 1 на првиот ден на турнирот
Младинките на Жрк Вардар, ја победија Академија 1 на првиот ден на турнирот

Младинките на Жрк Вардар, ја победија Академија 1 на првиот ден на турнирот

Младинките на Жрк Вардар денес стартуваа на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ против екипата на Академија1, каде забележаа победа. Конечниот резултат гласеше 28:16.

Натпреварот започна со два наши голови, по што противникот го постигна својот прв гол на овој дуел. Уште на почетокот црвено-црните се одлепија на 4:1, а Академија 1 врати со два голови за резултат 4:3. Во следните минути ја вративме најголемата наша предност од три погодоци. Како одминуваше натпреварот, избраничките на Билјана Пецевска заигруваат подобро и поведуваат со 9:4. До крајов на првиот дел, успеваме да ја одржиме оваа предност и на пауза да заминеме со резултат 13:9.

На самиот старт на второто полувреме, стигнуваме до шест голови предност 15:9 и веќе полека почнавме да ја обезбедуваме победата од овој дуел. Оваа разлика ја одржувавме се до 30 минута кога при резултат од 17:12 успеваме да постигнеме четири голови во серија, за највисока предност во тие моменти од 21:12. Набргу стигнуваме и до двоцифрена предност, така што последните пет минути беа чиста рутина и доработување на натпреварот за Вардарки. Најефикасна во редовите на Вардар беше Ангела Карчева со 5 голови, Тина Тодоровска, Анастасија Николовска и Анастасија Тодоровска додадоа по 4 голови.

Утре во истава сала во Јане Сандански, го играме вториот натпревар против екипата на Академија 2. Овој меч започнува од 11:30 часот.