Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Дамјан Трајковски: Напорните тренинзи, воиграноста и тактиката која ја подготви тренерот Петковски, беа пресудни за оваа важна победа
Дамјан Трајковски: Напорните тренинзи, воиграноста и тактиката која ја подготви тренерот Петковски, беа пресудни за оваа важна победа

Дамјан Трајковски: Напорните тренинзи, воиграноста и тактиката која ја подготви тренерот Петковски, беа пресудни за оваа важна победа

Петта победа од исто толку одиграни натпревари за екипата на РК Вардар 2. Избраниците на Зоран Петковски го добија дербито со екипата на Македонија Ѓ.П во првата ракометна лига. Со овој триумф тие го “запоседнаа“ врвот на табелата во Првата ракометна машка лига. На дерби дуелот во гости најефикасен во нашите редови беше Стефан Крстевски со 9 погодоци. Еден помалку или 8 завршија зад името на капитенот Дамјан Трајковски, кој беше еден од “моторите“ на овој триумф. Токму со Трајковски разговараме за победата во дерби дуелот и очекувањата за понатамошниот тек од првенството, тој за нашите читатели го изјави следново:

-Натпреварот со Македонија Ѓорче Петров е досега најтежок одигран во оваа сезона. Игравме против многу повозрасна, поискусна и силна екипа. Ние се подготвувавме подолго време за овој натпревар и мислам дека напорните тренинзи, припремите, воиграноста и тактиката која ја подготви тренерот Зоран Петковски, беа пресудни за оваа важна победа. Сакам да им честитам на моите соиграчи за борбената игра на целиот натпревар. Иако имаме 5 победи од толку натпревари, не очекува долга и напорна сезона. Можам само да ветам дека ќе продолжиме со уште понапорна работа и до крајот на секој натпревар ќе одиме на победа- изјави Дамјан Трајковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски