Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје
Алушовски: За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје

Алушовски: За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје

Вардар нема среќа оваа сезона со одигрување на натпревари, барем не на стартот од новата сезона. Се ќе беше поинаку доколку Вардар го пречекаше тимот на Елверум кој не допатува во Скопје, а сега беше одложено и гостувањето во Унгарија кај ПИК Сегед.

По овие непредвидени случувања, Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961 мака мачи да го вклопи и воигра тимот.

„Последен натпревар што го игравме беше на 16 септември, сега е 2 октомври. Два мини циклуси што ги планиравме ги прекинавме кога формата на екипата требаше најмногу да биде подигната на едно ниво. Ако кажеме дека се спремаме за дуел во среда и така тренираме, во недела или понеделеник добиваме информација дека мечот е одложен. Играчите немаат мотив, бидејќи сме се спремале за еден противник, сме излегле од сите процеси на учење и усовршување, и сме подготвувале една тактика. Овие две седмици ни се промашени во делот на надградување на играта и формата. Сега на 15 октомври е прв меч со Флензбург. А тој период што е, е една зимска пауза. Треба да држиш тензија, да држиш во натпреварувачки ритам. Баравме да играме со Еурофарм Пелистер, но рекоа дека неможат бидејќи имале повредени играчи, вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961

.„Ако не играме натпревар од СЕХА лигата, се надевам дека Металург ќе ни излезе во пресрет и ќе можеме барме да одиграме некој меч. Се гледа дека формата оди во надолна линија. Флензбург играше неколку силни натпревари, екстра дуели, со силни ривалири, со висок ритам, и ние тренираме со замислен противник, и потоа не играме. Мислам дека сме многу хендикепирани. Држиме позитивна атмосфера, се трудиме да го искористием на најдобар начин, со тренирање со висок интензитет, вели Алушовски.

„За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје. И Швајцарија има строги протоколи, па Криенс дојде да игра меч со Металург. Несфатливо е дека ПИК Сегед беше во Полска, а потоа дома не можеше да организира средба. Но, се менуваат многу правилата. Се надевам дека нема да дојдат уште полоши времиња. Клубот се спасува од колапс, дојде човек што го сака, и ете немаме натпревари, не можеме да ја подигнеме форма да дојдат и нови спонзори во клубот. Мораме на тренинг добро да тренираме, секој играч да биде фокусиран. Само така можеме да се надеваме на добра форма, вели Алушовски.

„Ние да играме можеме и со екипи од домашно првенство. Сите имаат квалитет. По мене е голем ризик, она што се случи, да има по 13 заразени, а тие екипи биле меѓу себе во контаткт. Не дека нашите игарчи се под стаклено звоно. Не дека екипите немаат квалитет, но само поради претпазливост. Металуг е најсигурна опција. Се надевам дека ќе ни излезат во пресрет. И тоа е премалку.

„После турнирот во Струга имам јасна слика. Тогаш бев во заблуда дека некои играчи можат нешто повеќе. Сега имам слика, кој каде и колку може да даде. Сега немам дилеми и знам со кого и како ќе се справиме со Флензбург. Дали е предност, искрено незнам. Ние ќе тренираме, но недостасуваат натпревари. Ни треба натпреварувачка форма. Ние ја подигнавме формата до Мешков, но сега не знаеме до каде сме. Јас како тренер знам кој од ирачите колку може, имам јасна слика, смета Алушовски..

„Пред да одиме за Задар имавме цел да играме финале, и го остваривме. Можеби со Веспрем сега да играме ќе биде сосема друга ситуација. Во Брест бевмо оштетени од судиите, а и ние на крајот самите не реализиравме три шанси да извојуваме победа, за сега полесно да го минеме овој период. Претстои долга и неизвесна сезона. Тешко е да си тренер и да планираш. Имаш план, и тој се менува постојано, Не можеш да направиш план подолг од 7 дена, но и тогаш е прблем, бидејќи во 7 дена двапати се менува плано., И тоа во напреварувачка сезона, А тоа е навистина проблем, вели Алушовски.