Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Убедлива победа за пионерите на ФК Вардар на контролниот натпревар против Осогово
Убедлива победа за пионерите на ФК Вардар на контролниот натпревар против Осогово

Убедлива победа за пионерите на ФК Вардар на контролниот натпревар против Осогово

Денес на теренот на Академијата, до победа на контролен натпревар стигнаа пионерите на ФК Вардар.

Оваа генерација која е предводена од Сашо Тодоровски убедливо го совлада тимот на Осогово од Кочани. На нерамноправен дуел, на кој квалитет беше на наша страна, вардарци победија со резултат 11:0.

Голгетерески расположени на натпреварот беа Левент Ибраим кој постигна 4 голови, додека хет-трик запиша Матеј Веселинов. Во листата на стрелци со по еден гол се запишаа Огнен Здравковски, Игор Јаневски, Теодор Перковски и Давид Љушев.

ФК Вардар: Апостоловски, Ивановски, Каровски, Љушев, Анчевски, Јаневски, Хајдари, Попов, Здравковски, Стојановски и Ибраим.