Вардар денес ја отвара новата сезона во лигата на шампионите, со дуел против екипата на Висла Плок. Со почеток од 19 часот во “Орлен арената“ силите ќе ги одмерат екипите на Висла Плок и Европскиот шампион, тоа е Вардар. Во пресрет на овој натпревар, своите очекувања ги искажа противничкиот тренер, Пјотр Прибецки кој истакна дека Вардар е екипа составена од врвни играчи, но дека не се плаши од нашиот состав.
-Не можевме да посакаме подобар старт на сезоната, во кој ни гостува европскиот шампион. Противник за кој не е потребно да се трошат зборови, тим во кој има голем број врвни играчи. Се надевам дека ќе имаме одличен меч. Не се плашиме од Вардар, напротив, играме пред нашите фанови и со нивна поддршка, се надевам на одличен старт на сезоната, изјави Прибецки.
Двете екипи досега одиграа четири натпревари, од кои две победи има Вардар, еднаш нивниот дуел заврши со нерешен резултат и еднаш победи Висла.