Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар Јуниор загуби, но не разочара на гостувањето во Охрид
РК Вардар Јуниор загуби, но не разочара на гостувањето во Охрид

РК Вардар Јуниор загуби, но не разочара на гостувањето во Охрид

Младиот состав на РК Вардар Јуниор го загуби првиот натпревар во супер лигата, во новата натпреварувачка сезона. Подобри од црвено-црните беше екипата на Охрд 2013, меч кој се одигра во спортската сала “Билјанини извори“.

Избраниците на Петрушевски во првите пет минути игра имаа нерешен резултат од 2:2, од моментот кога домашната екипа направи серија од 8:1, зголемувајќи го водството на 10:3 и од тој момент ја одржуваа предноста. За момент намали Вардар на 10:5, но до крајот на првото полувреме Охрид успеа да ја зголеми разликата на плус девет гола и на одмор да се замине со резултат 18:9.

Одлично започна второто полувреме за избраниците на Петрушевски, кога направија серија од 3:0 и намалија на 18:12. Сепк пресуди возраста и искуството на Охрид, но и овој млад состав на Вардар не разочара и покажа дека може да се носи со секој противник во супер лигата. Од големо искуство ќе бидат натпреварите во супер лигата за овие млади момчиња, кои имаат што да покажат, а за најголем дел од нив ова беше прв натпревар во најсилната Македонска лига. На крајот Охрид славеше со резултат од 30:22.

Најефикасни во нашите редови беа Стефан Крстевски, Стефан Трпчевски и Стефан Чакалиќ, кои постигнаа по 4 голови. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Радовиш.