Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од утре во продажба билетите за натпреварот во ЛШ со Нант
Од утре во продажба билетите за натпреварот во ЛШ со Нант

Од утре во продажба билетите за натпреварот во ЛШ со Нант

Оваа сезона првиот натпревар пред домашна публика европскиот владетел РК Вардар во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите ќе го игра на 23-ти септември. Во овој дуел ќе се соочиме  со Кире Лазаров и неговиот нов клуб, француски Нант. Од утре, понеделеник почнува продажбата на поединечни билети за овој натпревар.

Билетите за натпреварот Вардар – Нант ќе се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.
Натпреварот со Нант е закажан за 23 септември во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”

Цената на билетите за овој натпревар е:

Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари

Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.

Повеќе информации можете да добиете на:
телефон: + 389 2 2401 980
e-mail: info@ticketplus.mk