Во Полска ќе започне одбраната на Европската титула за екипата на РК Вардар. Вечерва со почеток од 19 часот во “Орлен арената“ црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Висла Плок. Полјаците знааат да бидат незгоден притовник за Вардар и вечерва не очекува интересен натпревар.
Во пресрет на новата сезона екипата на Висла Плок ја напуштија голманот Родриго Коралес кој потпиша за ПСЖ, пикерот Тијаго Роча кој замина во Спортинг Лисабон, Дмитри Житников кој се пресели во Пик Сегед, како и Адам Вишниевски кој остана во клубот, но како претседател на Висла. Нови засилувања за тимот се Игор Жабиќ кој дојде од екипата на Спортинг Лисабон потоа Немања Обрадовиќ кој пристигна од Металург и голманот Адам Борбели кој дојде од Веспрем. Минатата сезона Висла ги заврши настапите во групната фаза и не успеаа да се пласира во осминафиналето. Најдобар стрелец им беше хрватот Симе Ивиќ кој постигна 60 голови и португалецот Дуарте Гилберто кој запиша 43 погодоци. Токму овие играчи заедно со засилувањето Обрадовиќ треба да бидат најголема опасност кон голот на Вардар, на денешниот натпревар.
Двете екипи досега одиграа четири меѓусебни натпревари,на кои Вардар има две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Досегашни меѓусебни натпревари на Вардар и Висла Плок во лигата на шампионите:
сезона 2014/15 осминафинале: Висла Плок - Вардар 32:26
сезона 2014/15 осминафинале: Вардар – Висла Плок 31:20
сезона 2015/16 осминафинале: Висла Плок – Вардар 30:30
сезона 2015/16: осминафинале: Вардар – Висла Плок 25:24.
Вардар во комплетен состав ќе излезе на денешниот натпревар. Радува фактот што во екипата се враќа Лука Циндриќ, кој ги пропушти сите три натпревари во СЕХА-лигата, како и на Марсениќ кој доби расекотина на усната, на супер купот против Еурофарм. Тука е и пикерот Фереира, кој го пропушти стартот на сезоната во СЕХА и се врати на мечот со Работник во вторникот. Кај Висла ќе недостасува десниот бек, Емил Ракотеа. Се надеваме на добра игра на Вардар и победа на стартот од новата сезона во лигата на шампионите.