Ракометарите на Вардар напорно се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона, а прв предизвик за нив ќе биде традиционалниот турнир во Струга, на кој го бранат трофејот освоен од минатата година.
Денес вардарци покрај вообичаениот тренинг во сала, најпрво се загреваа во теретана. Струшкиот турнир го отвараме на 16.август со натпревар против екипата на Алкалоид, која е предводена од Кирил Лазаров.