Избраниците на Раул Гонзалес напорно се подготвуваат за новите предизвици кои им претстојат во сезоната која доаѓа. Екипата е веќе трети ден на припреми во Крањска Гора(Словенија), каде се работи на физичката и кондициона подготовка на момците.
Секој ден се тренира паралелно во сала и теретана. Исто така и трчањето во природа е дел од секојдневниот тренинг. Клубот тука останува уште една седмица, потоа заминува на турнир “Кањижа куп 2015“.