Во петок со почеток од 12:30 часот, женскиот ракометен клуб Вардар ќе одржи прес конференција. Поводот е претставување на новите засилувања пред јавноста, како и очекувањата за новата сезона. Ќе биде презентиран планот за припремите и одиграните подготвителни турнири.
Пресот ќе се одржи во прес конференциската сала, во Спортскиот Центар Јане Сандански. Нашиот шампион веќе трети ден тренира и се подготвува за предизвиците кои следат во новата сезона. Клубот ги поканува сите јавни медиуми да присуствуваат на нивното обраќање на јавноста.