Екипата на Жрк Вардар пред три дена ги стартуваше подготовките за новата сезона. Во Скопје ќе се тренира до 10-ти август. Потоа се заминува на мини турнеја во Франција, каде ќе одигра неколку контролни натпревари со екипи од француското првенство.
Двапати игравме на фајнл-фор, сега оваа година само треба добро да испланираме, како што почнавме да планираме, да играме повеќе мечеви што ни фалеше секогаш, за што подобро уигрување. Сега многу порано почнавме со сите договори со екипите, само за да имаме многу повеќе натпревари.
Сања Дамњановиќ и Андреја Човиќ се единствените ракометарки кои го засилија шампионот на Македонија. Се очекува во текот на сезоната шанса да добиваат помладите играчи, како и оние кои настапуваат за вториот тим.
Мислам дека сега ги имаме избалансирано сите позиции, и дека ќе бидеме уште посилни.„Од втората екипа, ќе дојдат кај нас на тренинзи, ќе работат со нас, затоа што минатата година немавме многу мечеви. Нас ни требаше воигрување минатата година и затоа ги ставивме таму да играат за да имаат што е можно повеќе мечеви. Нормално ќе тренираат со нас, два-три пати неделно, за да имаат што подобри тренинзи, а и на нас да ни помогнат, но и тие да бидат подобро подготвени и да имаат поголемо искуство, изјави Кастратовиќ за официјалната страна на клубот.