По вчерашното официјално преставување на црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан (22) веќе се потврдени три сигурни и официјални нови имиња на засилувањата на ракометниот клуб Вардар за следната сезона. Во следниот период се се очекува потврда за Иван Чупиќ од Киелце и самиот хрватски интернационалец веќе одамна тоа го потврди во својте изјави за медиумите, последна потврда беше по освојувањето на Шампионската круна во ЛШ кога изјави дека посакува и со Вардар догодина да ја освои истатата титула.
Од вчера Борозан и официјално е нов член на шампионот на Македонија, тимот на РК Вардар. Борозан доаѓа од Будеслигата од екипата на Либек, настапува на левата бековска позиција. Тој потпиша едно годишен договор, со можност за продолжување на соработката. Борозан ќе се приклучи на екипата на крајот на јули месец, кога и официјално Вардарци ќе ги започнат подготовките за новата сезона. Во период пред него потврдено беше официјалното потпишување на Канелас и Рожерио Мораес Фереира од редовите на бундеслигашот Кил. Се очекува црвено-црните наскоро да се засилат и со ново петто име, а можно е бројот на засилувања да се зголемува како наближува стартот на подготовките и почетокот на натпреварувачката сезона.