Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Триумф за Академија 1 во машка и Академија 2 во женска конкуренција, генер. “1998/99“
Триумф за Академија 1 во машка и Академија 2 во женска конкуренција, генер. “1998/99“

Триумф за Академија 1 во машка и Академија 2 во женска конкуренција, генер. “1998/99“

На натпреварот во женска конкуренција, во генерација родени 1998/99 година помеѓу екипите на Академија 2 и Академија 1, поуспешна беше екипата на Академија 2. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 22:14. Повеќе од заслпознаужена победа за Академија 2, ако се знае дека во текот на целиот натпревар имаа постојано водство, изразено со повеќе голови разлика. Првиот гол Академија 1 го постигна дури во 7 минута, за да намали на 4:1. Академија 2 беше многу подобар и како одминуваше мечот само го зголемуваше водството, на средината од првиот дел веќе имаше предност од 8:3. Ова водство го одржуваа до крајот на првиот дел, кога на кратка пауза се замина со резултат 11:5.

Вториот дел започна со погодок на Академија 1, во следните неколку минути успеаа да го намалат резултатот и за кратко да донесат неизвесност и речиси да ја преполоват предноста на Академија 2. Сепак следи нова серија на Академија 2 за највисока позитива во тие моменти од 18:11. Ништо позначајно не се случи во последните пет минути, Академија 2 само ја потврди високата победа.

Нов триумф оствари екипата на Академија 1, овој пат во машка конкуренција, во највозрасната генерација 1998/99 која се натпреварува во Јуниор лигата. Тие беа подобри од екипата на РК Шампион.

Во првиот дел гледавме мал број на постигнати голови, откако на одмор се замина со резултат 6:7 во корист на Академија 1. РК Шампион одлично го започна натпреварот и поведе со резултат 2:0. Набргу победничкиот тим израмни на 2:2, за потоа и да има прва предност од 3:4, која ја одржи до крајот на првото полувреме. Вториот дел исто така беше многу израмнет, се играше гол за гол на двете страни. Следиме ново израмнување од 14:14, па двете екипи влегоа во неизвесна завршница. При резултат 16:16, Академија 1 успеаа да се одлепи на два гола позитива, што беше решавачко за конечниот победник. Конечниот резултат гласеше 18:20 во корист на Академија 1.