Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Душебаев е најдобар стрелец на Вардар по завршување на групната фаза, Дибиров и Карачиќ во ТОП-50 листата на најефикасни во ЛШ
Душебаев е најдобар стрелец на Вардар по завршување на групната фаза, Дибиров и Карачиќ во ТОП-50 листата на најефикасни во ЛШ

Душебаев е најдобар стрелец на Вардар по завршување на групната фаза, Дибиров и Карачиќ во ТОП-50 листата на најефикасни во ЛШ

По одигрување на последното коло во групите од лигата на шампионите познати се сите осминафиналисти и два четвртфиналисти кои обезбедија директен пласман во најдобрите осум екипи. Меѓу нив е и екипата на Вардар која го обезбеди првото место во најсилната група Б, како и Барселона која беше лидер од групата А.

Што се однесува до листата на стрелци во редовите на Вардар најмногу постигнати голови има Алекс Душебаев и тоа 64 голови со кои се наоѓа на 16-сетото место на најдобри стрелци во ЛШ по завршување на групната фаза. Втор најефикасен играч кај црвено-црните е Тимур Дибиров со 59 постигнати голови и е на 24 позиција. додека во листата на ТОП-50 има место уште и за Игор Карачиќ кој до овој момент има 48 голови. Инаку листата ја предводи Габор Часар од Кадетен со 84 голови, втор е Уве Генсхајмер од Рајн-Некар со 83 голови, додека третото место го делат Блаж Јанц и Момир Илиќ. Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров е на високото седмо место со 71 погодок.

Вардар во четвртфиналето го чека подобриот од мечот помеѓу Фленбург и Брест Мешков. Црвено-црните четврти последователен пат се пласираат во најдобрите осум екипи во Европа.